Утрински Весник
Економија

Средба Деспотовски – Лимински: партнерство со додадена вредност

Средба Деспотовски – Лимински: партнерство со додадена вредност

Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски оствари средба со Сојузниот министер за европски прашања, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински кој ја предводеше економската делегација од најголемата германска покраина во посета на земјава. Деспотовски на германските бизнисмени им ги презентираше можностите и предностите за инвестиции во земјава со фокус на зелени технологии, обновливи извори на енергија и напредни технологии.

dobivaj vesti na viber

“Германија е нашиот најголем партнер и најголемиот инвеститор во технолошко развојните зони со најголемата гринфилд инвестиција во земјава досега од речиси 200 милиони евра на германската фармацевтска компанија Гересхајмер. Со новиот паметен пристап успеавме да се наметнеме високо на мапата на инвестициски дестинација и веќе се ‘натпреваруваме’ со земји членки на ЕУ. Верувам дека ова е мотив, наскоро уште германски компании да станат дел од нашето семејство “, изјави Деспотовски.

Директорот на ТИРЗ, нагласи и дека предноста на Северна Македонија како мала земја е тоа што ги препознава потребите на инвеститорите и нуди флексибилниот пристап. Тој исто така посочи дека клучен адут во привлекувањето на странски инвестиции во контекст на глобалните случувања, е стабилноста гарантирана со членството во НАТО, како и предвидливата деловна клима, пристап до квалитетна инфраструктура и ефикасни јавни услуги.

Министерот Лимински нагласи дека економската соработка и партнерство меѓу С.Македонија и СР Германија носи додадена вредност особено за младите луѓе во земјава преку можноста за работа во германските компании во Зоните од кои дел се од Северна Рајна Вестфалија. Лимински додаде и дека оваа средба е добра размена на научените лекции на патот кон ЕУ. На средбата се разговараше за можности за соработка и размена на искуствата во однос на инвестициските активности во двете земји. Дел од компаниите веќе изразија интерес за поконкретна соработка.

Можете да прочитате

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во Цементарница УСЈЕ

Ангеловска-Бежоска за ВОА: Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика ќе има во втората половина од годинава

Битиќи: Над 180 милиони евра поддршка за домашните компании во наредните четири години