Утрински Весник
Економија

Средба Азески-Рафуна: Клучна опасност за економиите во овој момент е прашањето на инфлацијата и владеење на правото

Средба Азески-Рафуна: Клучна опасност за економиите во овој момент е прашањето на инфлацијата и владеење на правото
300x250 (7)

Инфлацијата, енергетиката, зелената агенда но и новите иницијативи за елиминирање на административните пречки во регионот на Западен Балкан и постепено приклучување на компаниите кон единствениот пазар на ЕУ беа во фокусот на разговорите на денешната средба во Приштина меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески кој има улога на ко-претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и претседателот на КИФ Лулзим Рафуна, кој истовремено е и претседател на Стопанската комора на Косово.

dobivaj vesti na viber

На работната средба беа отворени прашања за билатералната соработка меѓу двете земји, но акцент беше ставен на улогата што ја има КИФ, како асоцијација на шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан, која претставува повеќе од 350.000 компании.

Ss1

„Клучна опасност за економиите во овој момент е прашањето на инфлацијата, посебно увезената инфлација, нефункционирањето на пазарната економија, прашањето за владеење на правото, каде сѐ се удира врз грбот на бизнис секторот. Затоа од клучна важност е регионалниот пристап и здружувањето. Предлагам во рамки на КИФ, како претставник на приватниот сектор во регионот, да донесеме заедничка декларација, која ќе биде усвоена следниот месец и каде ќе излеземе со конкретни барања кои ќе бидат упатени до сите влади од шестте економии на земјите од Западен Балкан“, нагласи Азески.

Претседателот на КИФ Рафуна ја прифати иницијативата и изјави дека е посветен на остварувањето на целите во новата стратегија на КИФ кои дефинираат подобрување на регионалната соработка, дигитализација, образование и обука, Зелена агенда на ЕУ.

За компаниите од регионот од клучно значење е и приближувањето кон единствениот пазар на ЕУ, и примената на т.е. „принцип на инклузивно проширување“, кој КИФ го предлага години наназад, а кој би овозможил во определени области, на компаниите од Западен Балкан да им се даде третман како да се дел од внатрешниот пазар на ЕУ. На овој начин, компаниите од регионот ќе можат да ги користат придобивките од економската интеграција со ЕУ и пред формалното завршување на процесот на приклучување кон Европската Унија.

Податоците покажуваат дека во споредба со 2017 година (кога првпат започна да се формализира процесот на регионална економска соработка со усвојувањето на Повеќегодишниот акциски план за регионална економска област во рамки на Берлинскиот процес) трговијата со стоки во регионот пораснала од 5.2 на 6.9 милијарди евра, трговијата со услуги од 2.0 на 2.9 милијарди евра, а интрарегионалните инвестиции од 98.6 на 257 милиони евра, и потврдуваат дека за компаниите од регионот локалните пазари се многу важни, заради блискоста, познавањето на пазарите, но и постојните бизнис релации. Но овој раст на соработката е скромен во споредба со потенцијалите, кога би се реализирала економска интеграција на регионот и спроведување на 4те слободи (слободно движење на стоки, услуги, лица и капитал без препреки низ целиот регион), што би довело до неколкукратно зголемување на стапките на раст за економиите од регионот на Западен Балкан.

Ss1

Можете да прочитате

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром

РКЕ: Минатата година само 2,75 проценти од струјата била обезбедена од увоз