Утрински Весник
Македонија

Србиновски: Ја грабнав мечката за уши и успеав да ја оттурнам

Picture 606 660x411 1.jpg
Ss2

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов го посетил повредениот 61-годишен Цане Србиновски, жител на село Дреновци во Општина Долнени, кој во  неделата беше нападнат од мечка на планината Мукос, на месноста „Сеча“, во поширокот атар на селото Оморани на територија на Општина Чашка, соопшти ЦУК. Во разговорот со Ангелов, Србиновски детално раскажал како го нападнала мечката, како се чувствувал и какви повреди добил. Србиновски два дена по нападот бил пронајден од неговите блиски од семејството и од местото каде што ги чувал кравите и каде што престојувал во инпровизиран објект „колиба“, бил пренесен во болница во Велес, од каде што по укажаната медицинска помош и давање соодветни медикаменти, бил пуштен на домашно лекување. -Додека подвикнував по телињата, ми испадна пред мене мечката. Ме грабна за нога и паднав на грб. Чизми носев, преку чизма ме фати погоре и немав што да направам, не знам како се извлеков од нејзе. Со десната нога ја удрив по лице, но пак ме фати за нога. Ми даде Господ сила, не знам како, ја грабнав мечката за уши. Ја држев исплашен и потоа успеав да ја оттурнам. Станав, веднаш заминав и кога стигнав до колибата ногата ми се вкочани. Кучињата лаеја, а таа стоеше – истакна Србиновски. Притоа, се здобил само со повреди, а ситуацијата била сериозна, бидејќи мечката при повеќекратниот напад се обидувала да го зграпчи и да го касне на стомакот, што можело да биде фатално. По нападот, Србиновски се вратил назад во неговата колиба, заедно со стадото крави, но таму поради изнемоштеност, изгубил и најверојатно заради претрпениот шок, не се јавило веднаш за помош, при што поминал цело едно деноноќие, информирале блиските на Србиновски за ЦУК.

Ss1

Можете да прочитате

Ангела Несторовска од „Сектор филм“ се вброи меѓу дваесет најдобри европски продуценти во подем за 2024 година

Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Каевски ги отфрла сите обвинувања на ОЈО, ги смета за неосновани и тенденциозни