Девет ранети и тројца мртви е досегашниот епилог од крвавата драма која се одвива во српски Младеновац, по пукање од 21-годишно момче во школски двор. Полицијата местото го надлетува и со хеликоптер, а момчето со автоматска пушка е лоциран од полицајците. Последните информации од српските медиуми се дека дека бегал низ две села и пукал во 18 лица.
Повредените се веќе однесени во Ургентниот центар, каде дел се борат за живот.
Откако заминал од местото каде се случија убиствата, тој пукал и на други локации.
„Телеграф“ јавува дека тој пука и кон полицајците, кои се обидуваат да го неутрализираат и да го уапсат, откако по бегството го нашле во друго српско село. Тој е опколен од екипи кои преговараат со него за да се предаде.
На местото каде се одвивала крвавата пресметка, пристигнале и роднини на загинатите, но и повредените. Се слушаат лелеци и плач.
Досега е познато дека од тројцата убиени, еден е полицаец, а другата жртва е неговата сестра. Потоа, подлегна и третиот повреден, чиј идентитет е непознат.
Засега се шпекулира дека 21-годишното момче прво се скарало со групата, отишло дома, па се вратило со автоматска пушка и почнато да пука за да ги убие.