Утрински Весник
Свет

Србинка запалила суд со бензин, па побегнала

Србинка запалила суд со бензин, па побегнала

Државјанка на Србија е уапсена во германскиот град Фрајбург под сомнение дека го полила со бензин влезот на окружниот суд и го запалила.

dobivaj vesti na viber

Драмата се случила во средата околу 11.40 часот, а повредени се три лица. Веднаш по пријавата на местото на инцидентот пристигнале 24 пожарникари. Според полицијата, средовечна жена истурила бензин на влезот и потоа го запалила. Во таа прилика упатила разни навреди и пцовки, а потоа побегнала со автомобил. По некое време таа се предала во придружба на нејзиниот адвокат.

„ Има многу индиции дека нејзиното кривично дело е поврзано со една постапка пред судот. Полицијата не сакаше да каже дали жената во тој случај е означена како осомничена, односно жртва или сведок“ – пишуваат германските медиуми.

Откако таа го подметнала пожарот, системот за пожар се исклучил и очевидец повикал 911. Зградата е делумно евакуирана поради силен чад, а три лица се повредени.

Можете да прочитате

Голема британска банка отпушта 5000 работнции, дел ќе бидат заменети со АИ

Германската армија предупредува на сериозна закана од руска саботажа

Судот во Франција досудува изненадувачки благи казни за обвинетите за немирите