Утрински Весник
Магазин

Србинка со јавна благодарност до храбрата Ана од Скопје: Ми го спаси животот, ти си нашиот ангел чувар

Granica Grcija Bogorodica.jpg

Србинката Александра преку големата фејсбук-група „Грчка инфо“ испрати јавна благодарност до скопјанката која ѝ го спасила животот додека патувала за Грција на одмор со семејството, кога ненадејно ѝ се слошило и се онесвестила покрај патот.

– За жал, многу минувачи не застанаа да помогнат, но една храбра и милосрдна жена, Ана Петровски од Скопје, не се двоумеше. Ана беше единствената која го запре својот автомобил и дојде да помогне. Таа ми пружи прва помош и ме врати во живот, додека моите деца плачеа, а мојот сопруг очајнички се обидуваше да запре други возила, пишува Србинката.

Како што понатаму истакнува, нејзината несебична и професионална реакција била пресудна во тој тежок момент.

– Ана, ти благодарам од се срце што покажа дека се уште има добри луѓе на светот. Вашата скромност и несебичност се навистина трогателни. На крајот Ана само не поздрави и ни посака Божја заштита, а потоа дискретно си замина. Вашите дела се бесценети и вечно ќе ви бидеме благодарни. Ви благодариме што сте наш ангел чувар, вели Александра, бидејќи од благодарност и почит кон Ана, која од скромност одбила да размени контакти за да не се чувствуваат должни, решила да го напише овој поста за јавно да и се заблагодари.

Можете да прочитате

Тие се незаборавни, но исцрпувачки партнери: Четири знаци кои не знаат да живеат мирно

Тело какво што секој би посакал: Наташа Беквалац покажа колку е згодна

Тим од десетина професионалци, врвна опрема и артистични сцени – Лара Иванова за прв пат објавува серијал од четири нови песни и видео записи