Утрински Весник
Македонија

Србин пронајден починат на фарма за свињи во гевгелиско Моин

Svinjarska farma.jpg

Државјанин на Србија, П.С. (67) кој работел како стручен консултант на фарма за свињи во атар на село Моин, гевгелиско, вчера бил пронајден починат во објектот. Како што соопштија од СВР Струмица, настанот бил пријавен во Полициската станица во Гевгелија вчера во 10:30 часот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Можете да прочитате

Маж следел 51-годишна жена, ја фотографирал и телефонски ја вознемирувал

ВМРО-ДПМНЕ: СДС наликува на секта

На странски државјанин му биле откриени непријавени 150 илјади фунти на скопскиот аеродром