Утрински Весник
Македонија

Поставени нови директори на Инфективна, Гинекологија и Психијатрија

1706617607 unnamed file.jpeg

Министерството за здравство информира дека поради истекување на мандат во време на предизборниот период спореведeни се конкурси во 3 јавно здравствени установи за избор на 4 директорски места.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје по спроведениот конкурс за нов медицински директор избран е д-р Фадил Цана согласно доставените документации.

На Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје по спроведените конкурси мандат добија д-р Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски директор.

На Клиниката за психијатрија за медицински директор е назначен проф. д-р Стојан Бајрактаров.

Сите именувани директори на јавно-здравствените установи се стручни во својата област и имаат долгогодишно искуство.

Можете да прочитате

Мицкоски ја фрла МРТ во канџите на фантом фирми – Левица повикува да се спречи изборот на Ристоски за директор на јавниот сервис

Бакрески: Постапуваме по решението на ДПИ

Величковски: Лицата на американските црни листи кај нас живеат слободно