Утрински Весник
Свет

Србија вчера му забрани влез на руски активист, сепак, тој денес влезе во земјата

Србија вчера му забрани влез на руски активист, сепак, тој денес влезе во земјата

Српските гранични власти денеска му дозволија на рускиот антивоен активист Петар Никитин да влезе во Србија, откако ден претходно со официјално решение му беше забрането кога слета на аеродромот „Никола Тесла“. Вчера на Никитин, кој има и холандско државјанство, српската гранична полиција му забрани влез во земјата и покрај тоа што веќе неколку години постојано престојува во Србија.

dobivaj vesti na viber

Никитин на српската јавност и е познат по учеството на бројните антивоени протести во Белград, осудувајќи ја руската инвазија на Украина и повикувајќи на прекин на војната. Никитин со силна поддршка на социјалните мрежи и невладините медиуми ноќта ја мина на аеродромот „Никола Тесла“, а неговиот правен застапник Марко Штамбук за агенцијата ФоНет потврди дека Никитин „редовно ја поминувал пасошката контрола и официјално влегувал на територијата на Србија“.

Според Штамбуков, денеска, по вчерашниот притвор и забраната за влез во Србија, Никитин без образложение бил однесен на пасошка контрола, која „без проблем ја поминал“.

„Никитин официјално влезе на територијата на Србија. Сега тој чека на аеродромот за интервју со народниот правобранител“, рече Штамбук.

Тој нагласи дека денеска се испратени жалби на одлуката за забрана за влез во земјата до надлежните органи и оти тие „нема да бидат напуштени“ без разлика што на Никитин му било дозволено да ја помине граничната контрола. Тој има семејство и две деца во Србија, а службен престој добил во 2016 година.

„Немам друг дом освен Белград, каде имам две деца. Забраната грубо го крши членот 8 од Европската конвенција за човекови права и правото на семеен живот. Чекам присилна депортација доколку е потребно“, изјави Никитин за српските медиуми по забраната за влез.

Тој изјави дека „нема друго објаснување“ освен забраната поради неговите антивоени активности во Руското демократско општество.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години