Утрински Весник
Свет

Србија почна со испраќање на 900 тони хуманитарна помош за Палестинците во Газа

Srbija Pomos Palestina.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата на Република Србија денеска испрати втор авион со хуманитарна помош во знак на солидарност и поддршка на палестинскиот народ во Појасот Газа. Пратката се состои од храна, медицинска опрема, шатори за сместување на раселеното население и вода неопходна во сегашните услови во Газа и е дел од вкупно 900-те тони хуманитарна помош за Газа. -Вчера го испративме првиот авион со 52 тони помош, денеска оди вториот, а остатокот од помошта ќе се транспортира со брод. Хуманитарната помош ќе биде дистрибуирана со помош на Министерството за надворешни работи и Црвената полумесечина на Египет, изјави министерот за трговија Томислав Момировиќ на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

Можете да прочитате

Естонија: Руски граничари влегоа на наша територија

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност