Утрински Весник
Свет
Img 7972

Србија испрати протестна нота до Хрватска поради запалена кукла со ликот на Вучиќ за време на карневал кај Сплит

452421 mixcollage 14 feb 2024 12 12 pm 3209 f.jpg
Img 7972

Министерството за надворешни работи(МНР) на Србија упати протестна нота до Амбасадата на Хрватска во Белград поради, палењето на куклата со ликот на српскиот претседател Александар Вучиќ за време на карневалот во Каштел Стари кај Сплит. -Палењето на кукла со ликот на претседателот на Србија е апсолутно неприфатлив чин, кој е во спротивност со заеднички изразената определба за целосна нормализација на односите и подобрување на сеопфатната соработка, се вели меѓу другото во соопштението на српското МНР. Во соопштението се додава дека министерот во оставка за надворешни работи Ивица Дачиќ остро го осудил палењето на куклата. Хрватските медиуми објавија дека на карневалот во Каштел Стари запалени биле кукли со ликот на претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин.

Можете да прочитате

Германска градоначалничка избодена со нож

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород