Утрински Весник
Спорт

Србија ги победи упорните Јапонци за четврт-финале на СП во ватерполо

Србија ги победи упорните Јапонци за четврт-финале на СП во ватерполо

Србија е последниот четврт-финалист на Светското првенство во ватерполо во Фукуока по 16:10 (3:3, 3:2, 7:2, 3:3) ги совладаа домаќините Јапонија. Тимот на Урош Станковиќ во борбата за во полуфинале во вторник ќе се судрат со Италија, кои директно се пласираа меѓу најдобрите осум.

dobivaj vesti na viber

Јапонија успеа да биде рамоноправен противник во првите две четвртини, пред клучната трета четвртина, Србија да ја добие со 7:2. Страхиња Рашовиќ и Марко Радуловиќ имаа по три гола, додека кај Јапонија, Јусуке Инаба имаше четири гола.

СП ФУКУОКА, 1/8 ФИНАЛЕ
САД – Канада 13:10 (3:1, 3:4, 2:1, 5:4)
Франција – Австралија 11:8 (4:0, 2:5, 4:2, 1:1)
Црна Гора – Хрватска 13:12 (2:3, 3:0, 4:5, 4:4)
Србија – Јапонија 16:10 (3:3, 3:2, 7:2, 3:3)

СП ФУКУОКА, 1/4 ФИНАЛЕ
Грција – Црна Гора
Италија – Србија
Унгарија – САД
Шпанија – Франција

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина