Утрински Весник
Свет

„Спуштен“ поглед на Вучиќ и „полунасмевка“ на Курти со Кока-Кола и колачиња-Што открива сликата од Брисел?

„Спуштен“ поглед на Вучиќ и „полунасмевка“ на Курти со Кока-Кола и колачиња-Што открива сликата од Брисел?

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти се сретнаа во Брисел, а вниманието на јавноста го привлече фотографија направена пред средбата.

dobivaj vesti na viber

Нешто по 18 часот започна средбата на двајцата лидери, а камерите снимија неколку работи. Пред се, евидентно е дека претставникот на Србија е без насмевка на лицето, премногу сериозен, како пораките што ги добил да не одговараат на неговите амбиции пред средбата, пренесуваат медиумите во регионот.

Од друга страна, според написите, Курти е со полунасмевка и со „зрнце“ подобро расположение го дочека почетокот на средбата.

Освен двајцата, на средбата се и шефот на европската дипломатија, Жозеф Борел, и специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, кои посредуваат во преговорите.

Дополнително, она што ги „привлече“ погледите на јавноста е слика од самата маса на која се водат преговори и дискусии. И овој пат на неа е „Coca-Cola“, како и на претходната средба.

Овој пат, според написите, нема сендвичи, но затоа има колачиња.

Ќе видиме, анализираат дописниците на медиумите од соседството, како Вучиќ ќе го коментира менито што овој пат беше пред него, откако минатиот пат се налути што луѓето коментираа за Кока-Кола и сендвичите.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно