Утрински Весник
Македонија

Спроведена акциска сообраќајна контрола на влезот во скопско Арачиново, констатирани и санкционирани прекршоци

Спроведена акциска сообраќајна контрола на влезот во скопско Арачиново, констатирани и санкционирани прекршоци

Вчеравечер во периодот од 21.30 до 22.30 часот на влезот пред скопско Арачиново, од полициски службеници на МВР, во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, извршена е акциска контрола на лица кои управуваат возила, во однос на почитување на прописите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

dobivaj vesti na viber

За време на контролата биле констатирани четири сообраќајни прекршоци, од кои најмногу за управување возило без возачка дозвола и за непочитување на прописите кои важат за возач-почетник, непоседување на соодветна документација за возилото и неносење на заштитен појас, и сите се соодветно санкционирани.

„Акциските контроли ќе продолжат и во наредните денови со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, како и зголемување на безбедноста во заедницата“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Казнетата новинарка Вејсели: Срамен преседан е да бидам казнета зашто го објавив името на судијата

(Фото) Работниците протестираат за 100 евра плус, власта слави родендени во елитни ресторани

ДОМ предлага „Зелен Урбан Трансфер“: Дислокација на Усје без трошоци за државата и крај за бетонизацијата на Скопје