Утрински Весник
Спорт

Спринтот во Мизано му припадна на Хорхе Мартин

Спринтот во Мизано му припадна на Хорхе Мартин

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, победи на спринт трката во пресрет на утрешната Голема награда на Сан Марино и Римини.

dobivaj vesti na viber

На патеката „Марко Симончели“, Мартин ја забележа третата победа во спринтот, откако претходно беше најдобар во Франција и Германија.

Најблиску до Шпанецот беше Марко Бецеки од тимот на ВР46, кој заостана околу една секунда, додека на третото скалило на подиумот се најде актуелниот шампион Франческо Бањаја, само шест дена по страшната несреќа што ја доживеа на патеката во Барселона.

Зад тројцата кои возат мотори на Дукати, се пласираа возачите на КТМ. Четвртото место му припадна на пензионираниот Дани Педроса, а петтото на Бред Биндер. Возачот на Априлија, Маверик Вињалес, ја мина целта како шести.

Бодови во сприното освоија уште Лука Марини од тимот на ВР46, Алеиш Еспаргаро на Априлија и Алекс Маркез на Гресини.

По ваквиот исход, во поредокот води Бањаја со 267 бодови, 45 повеќе од Мартин, додека Бецеки е трет со 198.

Возачите од „кралската класа“, утре од 14 часот ќе ја возат Големата награда на Сан Марино и Римини.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига