Утрински Весник
Спорт

Спринтот во Баку му припадна на Серхио Перез

Спринтот во Баку му припадна на Серхио Перез

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез, триумфираше на првата спринт трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1, што се возеше за Големата награда на Азербејџан.

dobivaj vesti na viber

За Мексиканецот тоа е прва победа во спринтот во кариерата, а до неа дојде со четири секунди предност пред Шарл Леклер во Ферари, кој стартуваше од пол-позицијата. Бранителот на титулата Макс Ферстапен се најде на третото скалило на подиумот.

Перезја обезбеди победата откако го претекна Леклер во осмиот круг, бидејќи возачот на Ферари дотогаш водеше откако стартуваше од пол-позицијата. Трката во еден момент се возеше под безбедносното возило, поради инцидент во кој возачот на Алфа Таури Јуки Цунода удри во оградата.

На самиот старт главниот дуел го водеа Ферстапен и Џорџ Расел во Мерцедес, во кој победи Британецот, но бранителот на титулата возврати неколку круга подоцна. Холанѓанецот доби можност да се доближи до Леклер, но не и да го нападне.

Расел мораше да се задоволи со четвртото место, пред Карлос Саинц од Ферари, двократниот светски шампион Фернандо Алонсо и второпласираниот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон. Меѓу првите десет се најдоа Ленс Строл, Александар Албон и Оскар Пјастре.

Главната трка во Баку се вози во недела од 13:00 часот.

Можете да прочитате

ЛШ: Монако ја изненади Барселона, реми на Арсенал во Бергамо

ЛШ: Бенфика победи во Белград, Баер сигурен против Феејнорд (ВИДЕО)

Општа тепачка на мечот меѓу КК Чаир 2030 и КК ТФТ