Утрински Весник
Спорт

Спринт трката за Расел – Британецот победи пред Саинц и Хамилтон

Спринт трката за Расел – Британецот победи пред Саинц и Хамилтон

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел победи на спринт-трката во Бразил. Младиот Британец на патеката Интерлагос ја забележа првата голема победа во кариерата. Мерцедес на утрешната трка го има првиот ред на стартот. Расел трката ќе ја започне од првото, а Луис Хамилтон, поради казната која ја има Карлос Санц од второто место.

dobivaj vesti na viber

Џорџ Раел спринтот го започна од третото место, во 14 круг успеа да го мине во тој момент водечкиот Макс Ферстапен и до крајот на ја испушти предноста. Светскиот првак згреши со изборот на гумите, само тој од фаворитите стартуваше на медиум компонентата што на крајот не му се исплатеше.

До крајот на спринтот него го поминаа и Санц, односно Хамилтон.

Бодови освоија уште и Серхио Перез, Шарл Леклер, Ландо Норис и Кевин Магнусен кој стартуваше од пол-позицијата.

Трката за Големата на Бразил, во недела, ќе започне во 19 часот.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина