Утрински Весник
Спорт

Спортот станува клучен дел од новата стратегија за дијаспората 2026–2030

E758f20e 32f5 4877 b49d d701564def1f.jpg

Спортот и спортската дипломатија за првпат се вклучени како посебен дел во Предлог–стратегијата за соработка со дијаспората 2026–2030, презентирана денеска во Владата.

Стратегијата ја изработува Министерството за надворешни работи, во соработка со ресорните институции, меѓу кои и Министерството за спорт.

Документот има цел да ги зајакне врските меѓу државата и македонските граѓани во странство, со фокус на пет области: услуги за дијаспората, култура и туризам, образование, спорт и економија. Вклучувањето на спортот произлегува од анализи што покажале потреба од поголема соработка со спортските таленти во дијаспората, подобар трансфер на знаење и посилна промоција на македонскиот спорт во светот.

Спортската дипломатија е истакната и како алатка за меѓународна соработка и промовирање на националните вредности. Во Стратегијата се планираат мерки како идентификација на спортски таленти во дијаспората, вклучување во национални селекции, назначување спортски амбасадори, промоција на македонскиот спорт и формирање Национален совет за спортска дијаспора.

Целта е зајакнување на врските со Македонците ширум светот и унапредување на меѓународната видливост на државата преку спортот.

Можете да прочитате

Жељко Обрадовиќ си заминува од клупата на Партизан

Олимпискиот оган од античка Олимпија тргна кон Милано и Кортина за ЗОИ

Турски клуб тренира со само седум фудбалери по скандалот со обложување