Утрински Весник
Економија

„Спорт Лаиф“ – 20 Години доверба

„Спорт Лаиф“ – 20 Години доверба

Годинава, „Sport Life“ прославува 20 години од своето работење. Од првата обложувалица во Кисела Вода, регистрирана како спортско друштво за организирање на обложување на спортски натпревари (2002 година), „Sport Life“ порасна во компанија која денес брои над 1000 вработени и преку 200 уплатно-исплатни места низ целата држава. Покрај врвната професионалост, квалитет и посветеност кон своите играчи, со најголема и разноврсна понуда на игри, таа во овој 20 годишен период стана лидер на пазарот за организирање на посебните игри на среќа и една од 50-те најуспешни компании во Македонија. Следејќи го најважниот принцип – сигурноста на добивките на клиентите и нивната исплата, а од друга страна, стабилниот развој и унапредување на човечките и други ресурси на компанијата, таа успешно делува низ сите овие години. Велат дека се залагаат секогаш за отворена комуникација со клиентите, за почитување на нивната индивидуалност и понуда на врвна, сигурна и квалитетна услуга, а одговорот на тоа е во бројката од над 100.000 членови на СЛ клубот на верни играчи, за кои се нудат многубројни привилегии и бонуси од програмите за лојалност.

dobivaj vesti na viber

Покрај, деловните успеси, Sport Life е несомнено општественo-одговорна компанија која досега има спроведено бројни акции за подобрување на квалитетот на животот во општеството, како изградба на игралишта и проекти за развој на младите и спортот, проекти и донации од хуманитарен карактер, проекти од областа на културата, науката, образованието и заштитата на човековата околина.

„Sport Life“ е постојано во чекор со најновите трендови и технологии во светот на посебните игри на среќа и спортското обложување, оттука и понудата на нови игри, притоа несебично инвестира во развојот на образованието на своите вработени и унапредувањето и модернизацијата на обложувалниците, поради што патот на успехот на оваа компанија, несомнено е трасиран и за во иднина.

ПР-текст

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена