Утрински Весник
Магазин

Според коефициентот на интелигенција Македонија при дното на Балканот

Screenshot 2024 01 12 145250
Screenshot

Веб-страницата „World Population Review“ објави карта на светот според просечниот коефициент на интелигенција. Лидер на оваа ранг-листа е Јапонија, чиј просечен коефициент на интелегенција на граѓаните од оваа земја е 106,48. Следуваат: Тајван (106,47), Сингапур (105,89), Хонг Конг (105,37), Кина (104,1), Јужна Кореја (102,35), Белорусија (101,6), Финска (101,2), Лихтенштајн (101,07), Германија (100,74). Македонските граѓани со коефициент на интелигенција од 81.91 се наоѓаат на 107. место во конкуренција на 197 држави во светот. Во регионот највисок степен на интелигенција имаат граѓаните на Словенија (98,6), а потоа следат Хрватска (95,75), Бугарија со (90,99), Грција (90,77), Србија (89,6) и Босна и Херцеговина, каде просечниот коефициент на интелигенција е 88,54.

Редослед на земјите од регионов:

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Словенија 23. место (98,6)

Хрватска 37. место (95,75)

Бугарија 54. место (90,99)

Грција 55. место (90,77)

Србија 59. место (89,6)

Босна и Херцеговина 66. место (88,54)

Турција 77. место (86,8)

Црна Гора 82. место (85,78)

Македонија 107. место (81,91)

Албанија 108. место (81,75)

Целосната листа можете да ја погледнете овде. Коефициент на интелигенција е вкупниот резултат добиен од збир на стандардизирани тестови или поттестови наменети за проценка на човечката интелигенција. Во овој случај, поттестовите вклучуваат проценка на знаењата од математиката, природните науки и читање.

Можете да прочитате

Во овие знаци најлесно е да се заљубите

Јапонците почнаа со продажба на електрична лажица со која храната добива посолен вкус

Осум начини да го одржите вашиот мозок здрав