Утрински Весник
Свет

Специјалниот пратеник на САД Виткоф оди во Москва да ги запознае Русите со деталите од мировниот план за Украина

20250804071954 big 730x400 19.webp.webp

Москва ќе работи со информациите што ќе ги донесе специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф, а неговата посета на руската престолнина останува според планот, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

– Сè што можеше и требаше да се каже на оваа тема, беше направено вчера преку претседателскиот помошник и прес-секретарот. Ова не е прва посета на Виткоф на Москва. Ќе соработуваме со она што тој ќе го донесе, рече Рјабков за новинарите, одговарајќи на прашањето дали се очекува ажурирана верзија на планот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Рјабков додаде дека Москва сè уште нема „јасна слика во врска со исходот од дискусиите во Женева, ниту пак за улогата на деструктивните сили околу ЕУ, кои настојуваат да го нарушат натамошниот напредок“.

На прашањето дали посетата останува во сила, Рјабков повтори: „Немам причина да го доведувам тоа во прашање“.

Претходно, помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, најави прелиминарен договор за посета на Виткоф следната недела, додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нагласи дека точниот датум сè уште не е утврден.

Можете да прочитате

Нови податоци: Најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг (ВИДЕО)

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Судија во Џорџија го отфрли случајот за мешање во изборите во 2020 година против Трамп