Утрински Весник
Свет

Специјален известувач на ОН: Израел изврши акти на геноцид во Газа, треба да му се воведе ембарго за оружје

Gaza5 1 1.jpg

Специјалниот известувач на Обединетите нации за човекови права на палестинските територии Франческа Албанезе во својот извештај што го поднесува денеска оцени дека Израел извршил акти на геноцид во Појасот Газа и дека треба да му се воведе ембарго за оружје.

Извештајот, кој го виде Гардијан, треба да биде доставен до Советот на ОН за човекови права.

Албанезе, италијански адвокат и експерт за човекови права, во извештајот изјави дека има „разумни основи“ да се верува дека Израел извршил три од петте дела дефинирани како геноцид: убивање Палестинци, нанесување сериозни физички или психолошки повреди и „намерно создавање на услови за живот пресметани да доведат до физичко уништување“ на таа популација целосно или делумно.

– Огромната природа и обемот на израелскиот напад врз Газа и деструктивните услови за живот што ги предизвика ја откриваат намерата за физичко уништување на Палестинците како група – се наведува во извештајот на Албанес.

Во февруари, Израел изрече визна забрана за Албанез, откако таа рече дека масакрот на израелските цивили на 7 октомври, со кој започна војната во Појасот Газа, не е чин на антисемитизам.

– Жртвите на 7 октомври не се убиени поради нивната еврејска вера, туку како одговор на израелското угнетување – напиша Албанезе на социјалната мрежа „Х“ на 10 февруари.

Дипломатската мисија на Израел во Женева објави дека земјата „целосно го отфрла извештајот“ и го опиша како „продолжување на кампањата што има за цел да ја поткопа самата еврејска држава“.

– Војната на Израел е против Хамас, а не против палестинските цивили – се наведува во соопштението во кое се критикуваат, како што велат, „безобразните обвинувања“ на Албанез.

„Гардијан“ потсетува дека Меѓународниот суд на правдата во Хаг во моментов го разгледува случајот покренат од Јужна Африка врз основа на Конвенцијата за геноцид од 1948 година.

Во јануари, судот нареди „привремени мерки“ насочени кон ограничување на ризикот од геноцид додека ја разгледува пресудата, повика на акција против израелските политичари кои користат геноцидна реторика и побара да се испрати поголема хуманитарна помош.

Во извештајот на Албанез се наведува дека Израел се обидел да го скрие своето „елиминативно однесување на непријателствата – со тоа што го маскирал на јазикот на меѓународното хуманитарно право и ги означува граѓаните на Газа како целина како „терористи“ или „оние кои ги поддржуваат терористите“.

Употребата на таков јазик, се наведува во извештајот, трансформира „сè и секого во цел или колатерална штета, што значи дека може да бидат убиени или уништени“.

Во извештајот, исто така, се препорачува земјите-членки на ОН „веднаш да воведат ембарго за оружје на Израел, бидејќи се чини дека тој не ги исполнил обврзувачките мерки наложени од Меѓународниот суд на правдата“.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење