Утрински Весник
Свет

СпејсХ го одложи пробниот лет на Старшип поради технички проблеми

20250825092739 big 730x400 91.webp.webp
Dik 300x250 mk

Компанијата на милијардерот Илон Маск, СпејсХ (SpaceX), го откажа лансирањето на десеттата мисија на ракетата Старшип (Starship) од Тексас поради технички проблеми на местото на лансирање.

Ракетата „Super Heavy“, висока 70,7 метри, и нејзината горна фаза, висока 52 метри, беа на лансирната рампа во објектот Starbase на СпејсХ додека се полнеа со гориво пред полетувањето. Меѓутоа, околу 30 минути пред закажаното лансирање, СпејсХ објави на социјалната мрежа X дека лансирањето е одложено поради проблеми на местото на лансирање.


Како и во минатите случаи, компанијата изјави дека се надева дека ќе може да го реши проблемот и повторно денеска да се обиде да го лансира. Компанијата, исто така, изјави дека се надева дека Старшип ќе биде подготвен за мисии што вклучуваат слетување на Месечината, поддржано од НАСА, најверојатно во 2027 година.

Можете да прочитате

Трамп заигра во Малезија: Американскиот претседател ги изненади сите со својот танц

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од бруталното претепување до смрт во Ново Место – Словенија на нозе, паднаа оставки, се бараат радикални мерки

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон