Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Заедничка обврска е да им овозможиме на жените и девојките да се чувствуваат безбедни и сигурни во заедницата

110.jpg

Денеска, во Подгорица, Црна Гора, пратеникот од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски, се обрати на панел дискусија во организација на Лабуристичката партија од Обединетото Кралство, чија цел е развивање политики против сексуалното насилство врз жените и девојчињата во Западен Балкан, како еден заеднички фронт во борбата за еднакво и одговорно општество, базирано на европски вредности, под мотото „Само ДА значи ДА”.

Осврнувајќи се на периодот во кој Спасовски беше министер за внатрешни работи, тој ја потенцираше улогата на полицијата и напредокот на истата во делот на справувањето со сексуалното насилство врз жени и девојки.

„Имајќи ја предвид Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, а поаѓајќи од низата нови меѓународни и национални законски промени во изминативе години, додека бев на чело на МВР вложивме напори организационо, професионално и стручно ова министерство да се прилагоди кон новите трендови и стандарди во третманот на насилството врз жената, поставувајќи стандардни оперативни процедури кои што опфаќаат еден широк спектар на активности. Не само во првиот одговор од кој што зависи безбедноста на жртвата, туку и во натамошните чекори на нејзина заштита заедно со другите релевантни институции клучни во процесот на заштита на жените жртви на насилство”, рече Спасовски, додавајќи дека местото и улогата на полицијата јасно се искристализира во целиот тој процес на превенција, заштита и гонење на сторителите на насилство врз жени.

Спасовски додаде дека обврската е заедничка во борбата против валвата форма на криминал. „Наша заедничка обврска, како законодавна, извршна власт и судска власт, секој во својата сфера, е да им овозможиме на сите да се чувствуваат безбедни и сигурни во заедницата во која живеат. Притоа, ние сме отворени и подготвени да бидеме рамноправен партнер во заедничкото делување за спротивставување со овој крајно чувствителен сегмент на општественото живеење”, истакна Спасовски.

Можете да прочитате

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства 

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ