Утрински Весник
Македонија

Спасовски во Берн, ќе потпише Меморандум за воспоставување на партнерство за миграција

Спасовски во Берн, ќе потпише Меморандум  за воспоставување на партнерство за миграција

Во текот на овие два дена (06-07.11.2022), министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, предводи делегација од Министерството за внатрешни работи, во работна посета на Швајцарската Конфедерација.

dobivaj vesti na viber

Денеска, Спасовски во Тринген ќе се сретне со наши сограѓани, во македонската православна Црква, „Св. Наум Охридски”, согласно веќе воспоставената практика за време на работните престои во странство да остварува средби со наши исселеници под мотото „Го слушаме гласот на сите, секој еден е важен!”, а со цел да се иницираат и забрзаат веќе отпочнатите активности за подобрување на условите на нашите граѓани во државите во кои живеат.

Утре, ќе оствари работна средба во Берн со неговата колешка, министерката за правда и полиција на Швајцарската Конфедерација, Карин Келер-Сутер, а по повод потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Северна Македонија и Швајцарскиот Федерален совет за воспоставување на партнерство за миграција.

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата