Утрински Весник
Македонија

Спасовски со младите од Куманово: Пендаровски е единствен кандидат кој го застапува европскиот концепт 

Be5ac1bf 6d6b 400d B71c C3994bcc368d.jpg
300x250 (7)

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Носителот на Изборната единица 2 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеака со младите од Куманово разговараше за Манифестот на СДММ и за европскиот концепт.

Img 5587

„Најдобрата енергија ја носат младите луѓе. Го промовиравме Манифестот на СДММ за европска иднина во Македонија – токму од мое, борбено Куманово! Ги остваруваме стратешките цели – членка на НАТО сме и ги почнуваме преговорите со ЕУ и токму вклученоста на младите е уште поважна за европска иднина за сите. Правиме простор младите да ја креираат иднината!”, рече Спасовски.

„И ве повикувам да се борите, да се ангажирате за вашата иднина”, додаде тој.

„Ако направиме паралела од времето на ВМРО-ДПМНЕ, денеска имате мир и спокој да се изразувате и дружите, наспроти времето на тепање на студенти од 2016. Цврсто стојам и силно ќе се борам да се имплементираат сите мерки во програмата, за квалитетно образование, здравство и младински политики кои ќе бидат реалност во Македонија. И само еден од кандидатите го застапува овој европски концепт за младите – нашиот претседател Стево”, рече Спасовски.

Ss1

Можете да прочитате

За брзо возење изречени 133 санкции за еден ден

Бојмацалиев: Полициските одделенија Арачиново, Матејче и Шуто Оризари подготвени за изборите на 8 мај

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека нема да има дополнителни барања од Бугарија