Утрински Весник
Македонија

Спасовски: СДСМ прво ќе ги разгледа па потоа ќе одлучи дали ќе ги поддржи законските предлози за реорганизација на министерства

Os1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Коориднаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска во одговор на новинарски прашања во македонското Собрание информираше за заклучоците од координацијата на Пратеничката група и кај Претседателот на Собранието, на којашто главно, се дискутираше за конституирањето на комисиите, работните тела во законодавниот дом, делгациите и групите за соработка.

Во однос на Законите кои што се најавуваат за реорганизација на министерства или реформа на администрацијата, Спасовски соопшти дека СДСМ не може да соопшти став на невидено и затоа пред да одлучи ќе ги почека законските решенија, ќе ги разгледа внимателно законските текстови, по што ќе донесе одлука дали ќе ги поддржи.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе