Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Спасовски: Повеќе не е потребна техничка влада, инситуциите функционираат со полн капацитет

Screenshot 2024 01 28 114842.png
Img 7972

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од последниот состав на Владата, која од денеска ќе биде наследена од „техничка“ која ќе има обврска да ги спроведе претстојните избори, во ТВ емисијата Трилинг го изнесе својот став дека повеќе нема потреба од ваква трансформација. Тој смета дека не се истите околности од времето кога ВМРО-ДПМНЕ било на власт, бидејќи т.н. Пржинска влада во 2016-та била формирана заради „режимот кој владееше“. -Кога говориме за „Пржинската влада“ говориме за едно време кога тоа мораше да се случи за државата да биде ослободена од режимот со кој се владееше. Во овој момент според мене лично немаме потреба од „Пржинска влада“ или од било каква друга влада затоа што институциите функционираат под полн капацитет без никаква злоупотреба, вели Спасовски.

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка