Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Македонскиот јазик е европски и светски признат

Spasovski.jpg

По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, пратеникот од СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, преку својот официјален Фејсбук профил упати честитка до граѓаните, потенцирајќи ја важноста на зачувувањето и унапредувањето на мајчиниот јазик.

„Ако секој граѓанин има право да зборува на својот мајчин јазик, со тоа не губат другите граѓани, туку добива нашиот концепт Едно општество и Северна Македонија како граѓанска и демократска држава“, истакна Спасовски во својата објава.


Тој нагласи дека, и покрај сомнежите и предизвиците од минатото, македонскиот јазик денес е официјално признат на европско и светско ниво. Спасовски потсети на 26 октомври 2022 година, кога беше потпишан првиот договор помеѓу Македонија и Европската Унија – договорот за ФРОНТЕКС, токму на македонски јазик.

„Ги урнавме сите лажни вести и демонстриравме како се сака мајчиниот јазик, како се сака Македонија“, додаде Спасовски, испраќајќи порака за единство и гордост кон јазичниот и културниот идентитет на земјата.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се одбележува секоја година на 21 февруари со цел да се промовира јазичната и културната разновидност ширум светот.

Можете да прочитате

Меџити ветува илјадници вработувања, Минчев го обвинува за популизам

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

Спасовски: Македонскиот јазик е европски и светски признат