Утрински Весник
Македонија

Клековски: Зависни сме од еден ПЕТ-скен апарат и од еден добавувач на суровини, ако дојде време за сервисирање нема алтернатива

20250221084420 Big 730x400 78.webp.webp

Според директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, во државава недостасува стратегија за развој на здравствената мрежа.

– На пример, зависни сме од еден ПЕТ-скен апарат и од еден добавувач на суровини. Ако дојде време за сервисирање, нема алтернатива, рече Клековски, додавајќи дека требало да се создаде план Б за идни дефекти и сервиси.


Како уште еден пример за пропусти во здравството, тој го посочи случајот со компјутерската томографија во Струмица.

Клековски во синоќешната емисија „Клик плус“ на „ТВ21“, рече и дека не може да се функционира со еден онколошки центар за целата држава.

– Не е одржливо, два милиони луѓе да зависат од еден онколошки центар. Бугарија, на пример, има 35 болници каде што се аплицира таргет-терапија. Мораме да го децентрализираме системот и тоа треба да биде дел од стратегијата, дециден беше Клековски.

Клековски посочи дека македонскиот здравствен систем е застарен и мора да се адаптира на актуелните потреби.

– Клиничкиот центар троши половина од целото јавно здравство. За лекови против рак, пациентите од Дебар, Пробиштип или Струмица мора да патуваат до Скопје. Тоа мора да се промени, заклучи директорот на ФЗО.

Клековски, меѓу другото, рече и дека се разговара повторно да се врати во функција Центарот за трансплантација, што се затвори од времето на пандемијата со Ковид-19.

Можете да прочитате

Јанев лично во Кочани: Проверува како Лазов избега од полициската станица – Секој пропуст ќе биде санкциониран

Ново видео ја вознемири Македонија: Група врсници физички нападна девојче

Државата не ги научи лекциите од трагедијата во „Пулс“ – системските слабости останаа