Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:
Кредитот од Унгарија е договорен целосно вонинституционално, уште кога актуелната власт беше опозиција, тоа отвора многу основани сомнежи, особено што има недефинирани трошоци, провизија и начин на реализација, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски во емисијата “Само вистина” на Канал 5 Телевизија.
-Имаме недефинирани трошоци за кредитот во законски рамки. Тоа остава простор да бидат повеќе а не да бидат точно дефинирани. Тоа се сериозни основани сомневања. Денеска ќе се потпише кредитот. Но, Законот е веќе донесен за задолжување во Собранието, и во тој законски текст нема одредби кои треба да се јасни пред граѓаните. Како на пример провизијата. Овие суми се ставаат во законски текст за никој да не може да измрда понатаму., рече Спасовски.
Нема доволно информации како парите ќе бидат распределени во стопанството, се сомневаме и во делот на тоа како ќе биде целата реализација.
-Моите информации говорат дека најголем број градоначалници аплицираат со проекти кои не се ревидирани, кои немаат дозволи за градби и тоа може да биде проблем за реализација. Од друга страна се уште немаме информации како тие средства ќе бидат поделени на стопанството, како ќе бидат поделени на компаниите, со кои камати ќе се доделуваат, рече Спасовски.