Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Како ваш претставник во македонското Собрание ќе се борам жестоко за Македонија

Oliver Spasovski.jpg
Dik 300x250 mk

Благодарам од срце до сите граѓани за поддршката, за време на изборите, но и во изминативе 7 години напиша Спасовски.

Направивме многу како Социјалдемократски Сојуз на Македонија, за што искрено се заблагодарувам до секој еден член и симпатизер, за вложеноста и искрениот пристап. Како и секогаш јас се обврзувам на отвореност и достапност за секој еден другар, сопартиец, сограѓанин, заедно сме во оваа борба!

Ја почитуваме волјата на народот како израз на демократските процеси. Нашата ангажираност за унапредување на општеството и обезбедување на посакуваните промени останува непоколеблива, продолжуваме да работиме кон тие цели.

Како ваш претставник во македонското Собрание ќе се борам жестоко за Македонија да остане на вистинскиот пат и да не потклекнеме пред политики на режим. Членството во НАТО и позиционирањето на патот кон ЕУ се највисоките дострели на нашата држава кои овозможуваат подобар живот за сите.

СДСМ ќе биде силен и достоинствен, како што доликува на државотворна партија и движечка сила на општеството – ние сме тие кои ја одржуваат идејата за безбедна, слободна и европска Македонија!

Можете да прочитате

АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Студени утра, потопли денови и магла по котлините

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?