Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Истражуваме како затвореници можеле да копаат тунел во Идризово и дали има учество од затворските служби

Спасовски: Истражуваме како затвореници можеле да копаат тунел во Идризово и дали има учество од затворските служби
Dik 300x250 mk

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се преземаат опсежни истражни мерки за расветлување на случајот за обид за организирано бегство на затвореници од Казнено поправниот дом Идризово преку копање подземен тунел .

dobivaj vesti na viber

-Во КПД Издризово се преземаат опсежни истражни мерки, не само сега после откривањето. Тој процес беше започнат и претходно. Сè што спаѓа во тие истражни мерки со цел да се обезбедат докази. Се работи во соработка со јавниот обвинител за организиран криминал. Меѓу другото треба да се докаже и учеството на вработените во затворските институции во оваа постапка, изјави Спасовски на новинарско прашање по промоцијата на кампања на МВР.

Сознанијата за активностите што биле преземени во затворите, како што рече, МВР ги имало околу два месеци.

-Цело време се работи заедно со Управата за извршување на санкции, Агенцијата за национална безбедност, и во тие рамки се подигна и степенот на обезбедување и во затворот и надвор од затворот. Надлежни се Министерството за правда и Управата за извршување на санкции, меѓутоа МВР беше секогаш тука за да помогнеме и  да не се наруши безбедноста, рече Спасовски.

Тој порача дека за секој што сторил кривично дело мора да има санкции и одговорност.

-Секој кој направил кривично дело ќе одговара. Тоа е очекувањето на граѓаните да сите оние коишто прават криминал, ја нарушуваат стабилноста,  ја нарушуваат безбедноста на граѓаните да бидат изведени пред лицето на правдата, рече Спасовски.

Минатата недела беше откриен тунелот што го ископале затворениците.

 

 

Можете да прочитате

Кривична пријава против полициски службеник за „предизвикување општа опасност“

Приведен стружанец за напад на полицаец, фатен при рибокрадство на Црн Дрим

ТАВ Македонија: „Виз ер“ ги отвора новите пет линии – Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел