Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка лажеше за да шири паника и манипулира пред избори

0xnvg .jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Емил Спасовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, денес на прес конференција го обвини градоначалникот на Крива Паланка, дека намерно ширел паника и лажни информации со цел собирање на политички поени пред претстојните локални избори.

Соопштението во целост ви го пренесуваме во продолжение:


Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека има цијанид 100-тици пати над дозволеното, за да шири паника и манипулира пред избори.

Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека во водата во Крива Паланка има цијанид 100-тици пати над дозволеното, за да шири паника и манипулира пред избори.

Сашко Митовски свесно ги лажеше граѓаните и на Крива Паланка и на целата држава дека загадувањето на водата во Крива Паланка со цијанид е 100-тици пати над дозволеното.

Анализите кои ги објави Државниот инспекторат за животна средина го покажуваат спротивното и го демаскираат трулиот обид на Митовски да манипулира.

Мизерно е како Митовски не се колебаше да манипулира со најчувстителната тема за граѓаните – безбедноста на водите и почвата, само за да шири паника и ќари некој ситен политички поен пред избори

Го повикуваме Јавното обвинителство да ја согледа реалната состојба и да поднесе кривична пријава против Сашко Митовски, за ширење паника.

Дејствијата на Митовски се дотолку поголеми што тој е носител на јавна функција, која во дел од јавноста може да создаде краткотраен привид дека тој ја говори вистината, и со тоа да предизвика огромен страв.

ЈО треба да ги земе во предвид овие околности, но и стварниот ефект предизвикан од паниката која ја рашири Сашко Митовски и да поднесе кривична пријава против него.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен