Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Четири години од ратификација на членство во НАТО

Денеска одбележуваме 4 години од ратификацијата на НАТО членството на Република Северна Македонија во македонското Собрание – историски момент и кулминација на долгогодишните напори на државата кон интеграција во евроатлантските структури. Овој чин не само што ја потврди стратешката одлучност да придонесеме кон регионалната и глобална безбедност, туку и го отвори патот кон посилен политички, економски и безбедносен развој на земјата на европско, но и глобално ниво, пишува екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните мрежи.

„Одбележувањето на ратификацијата на НАТО членството е прилика да се истакне значењето на колективната одбрана и мултилатералната соработка – симбол на заедничките вредности на демократија, слобода и владеење на правото кои ги споделува Република Северна Македонија со останатите НАТО сојузници.

Покажавме дека дијалогот е средство за решавање на долготрајните прашања и спречување на конфликти. Секако, ми претставува посебно задоволство што овој чин се случи за време на мојот мандат како претседател на Владата на Република Северна Македонија.

Упатувам благодарност кон сите домашни и меѓународни партнери кои ја поддржаа Република Северна Македонија на патот кон ова исклучително достигнување – потврда дека заедничките напори и посветеност кон заедничките цели водат кон успех и просперитет, стои во објавата на Спасовски.

Можете да прочитате

Синоќа во Битола и битолско казнети 18 пијани возачи

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и ДУИ како малку да им беше што го уништија стандардот на граѓаните, па во заминување ги зголемуваат цените во Катастар и до 300%

СДСМ: Поголеми плати во новиот мандат, 1.000 евра просечна и 600 евра минимална плата