Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Активисти на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на Таравари дел од настаните со црквата во Галате

Img 3818.jpeg

Во интервју за Алсат М Телевизија, пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, прашан во врска врска со настаните околу црквата во гостиварско Галате Спасовски рече дека Таравари треба да седне со Мицкоски да поразговара и да се вразумат.

Спасовски покажа фотографии на кои се гледа дека активисти на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на Таравари се дел од настаните.

-Ова е фотографија на инвеститорот, еден од поблиските соработници на господинот Таравари. Овде ќе видите уште едно момче кое е дел од раководството на локалниот клуб на ВМРО-ДПМНЕ, еден од учесниците на тие случувања кај црквата. Овде има уште една слика со раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се луѓето кои беа во Галате. Ова го кажувам само за да бидат разбиени тие лаги кои се пуштаат во јавноста дека некој друг нешто пушта. Така да господинот Таравари треба да си седне со коалициониот партнер, да поразговараат на оваа тема и да се вразумат,  рече Спасовски.

Пратеникот на СДСМ осуди секаков акт којшто носи до подгревање на етнички тензии, особено кога се работи за верски објект, повика на дијалог и институционално решение. 

-Сите ние треба да работиме меѓуетничките односи во државата да ги чуваме како најсвето. Оваа држава во која сите треба подеднакво да се чувствуваат, рече Спасовски, во интервју за Алсат М Телевизија.

Можете да прочитате

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ