Утрински Весник
Македонија

Спасена е жената во мавровското село Леуново

1 11 E1733239304909.jpg

Успешно завршена спасувачката акција во село Леуново- Мавровско, каде постара жена е евакуирана од викендичка поради тешки временски услови и здравствени проблеми.

Тимот за заштита и спасување од подрачното одделение- Гостивар интервенираше по масовните снежни наноси кои го зафатија пределот, тоталниот недостиг на струја и влошувањето на здравствената состојба на постарата жена.

По напорите на нашиот тим, жената беше безбедно евакуирана и ја доби потребната помош, велат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Можете да прочитате

Димитриевски: ЗНАМ ќе го преиспита учеството во Владата ако се игнорира ставот за правосудниот испит

Тошковски најави електронски алки и побрза полициска реакција при семејно насилство

Лазовски за „црните листи“ на УЈП: Тоа е популистичка мерка која не врши никаква функција