Утрински Весник
Македонија

„Спас за Прилеп“ на протест: Бехтел и Енка е над законот

Policija blokada orevoec prilepsko3.jpg

Бехтел и Енка е над законот во оваа држава, порачаа граѓани на протестот, обраќајќи се и кон полициски службеник кој сакал да им го ограничи движењето и местото на протестирање. Граѓаните тврдат дека на просторот каде што протестирале, има девет извори и дека токму од тие извори околу 30 проценти од количината на питка вода се слева кон Прилеп, кој, како што наведоа, и онака има сериозен проблем со водоснабдувањето.

Во нивното обраќање, граѓаните рекоа дека тоа се единствени извори од кои градот добива вода и предупредија дека секое загрозување на овој појас директно го отвора прашањето за безбедноста на водата за пиење. Тие посочија дека Прилеп веќе носи вода од Западна Македонија, од селото Горни Добреноец, на растојание од повеќе од 80 километри, и оти изворите на Бабуна се од клучно значење за градот.


Протестот доби дополнителна тежина со обвинувањата дека при работите биле користени значително поголеми количини експлозив од дозволеното. Граѓаните тврдат дека биле детонирани до пет тони експлозив, иако дозволената количина изнесувала 150 килограми.

Тие истакнаа дека ваквите активности веќе предизвикале штети, тврдејќи дека се оштетени повеќе од 70 куќи во селото, како и локалната црква.

Во текот на протестот, како што велат, полициски службеник им побарал да не снимаат и да ги исклучат телефоните, со образложение дека сака „да разговараат“. Истовремено, им било кажано дека не смеат да протестираат на локален пат, иако граѓаните тврдат дека протестот бил уредно најавен.

Покрај еколошките и безбедносните прашања, протестот отвори и дилеми за односот на институциите кон граѓанските иницијативи.

Жителите на Прилеп и селото Оревоец велат дека се против изведувањето на ископи и минирања во непосредна близина на населените места, предупредувајќи дека се загрозуваат водата, природата и имотите.

Тие бараат институциите да ги преиспитаат активностите и да најдат алтернативно решение.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс” и „Дурмо турс”

Јатрви се тепале во Радовишко, една е повредена

Фрчкоски: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!