Утрински Весник
Скопје

ЈСП со повик до студентите да ги заверат бесплатнитe билети

Jsp.webp.webp

Ги потсетуваме корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека неопходно е да го продолжат/заверат билетот за 2026 година, соопштија од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Продолжувањето/заверувањето на билетот започнува од денес (25.12.25), и се врши во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа, оригинал индекс со запишан зимски семестар и лична карта на увид.

На студентите/бруцоши од студентската 2025/2026 година, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година.

Можете да прочитате

Без струја утре делови од Белимбегово, Чаир, Карпош и Гази Баба

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција, најави Ѓорѓиевски

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“