Утрински Весник
Скопје

ЈСП: Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“, изменет сообраќаен режим за Скопски маратон

20241004172318 Big 730x400 79.webp.webp

Превозот на патниците во јавниот градски превоз денеска од 18 до 2 часот по полноќ ќе биде бесплатен поради oвогодинешното издание на „Бела ноќ“, соопшти Јавно сообраќајно претпријатие Скопје.

ЈСП исто така информира дека в недела на 6 октомври од 7 до 14 часот поради одржување на „Виз Ер скопскиот маратон“, дел од автобусите ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај.

Учесници на денот на маратонот ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица).

Во период од 7 до 14 часот нема да сообраќаат линиите: 3, 3Б, 4, 4А, 9, 16, 22А, 24, 25, 59Б.

Линии со непроменета траса:

-Градски линии: 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45, 59 и 65В.

-Приградски линии: 11, 11а, 18, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 63, 63а, 63б, 65, 65а, 65б, 66, 66а, 68, 71, 74, 81 и 162.

Траси на движење на линиите со изменет режим на сообраќање:

Линија 5

од Дексион, ул. „Ѓорче Петров“, бул. „Партизански одреди“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево, бул. „АСНОМ“, Ново Лисиче (терминал)
од Ново Лисиче, по редовна траса до Комплекс банки, па десно по бул. „Крсте Мисирков“, лево по бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Дексион (терминал)

Линија 7

-од Горно Лисиче (Хемтекс), бул. „12 Македонска бригада“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Јане Сандански“, бул. „К.Ј.Питу“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Карпош 3 (терминал)

-од Карпош 3, по редовна траса до Соборен храм, лево по бул. „ВМРО“, десно по бул. „Гоце Делчев“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „12 Македонска бригада“ и по редовната траса до крајна станица

Линии 15 и 15А

-од Ново Лисиче по редовна траса до Комплекс банки, па десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „Гоце Делчев“ и продолжува по редовна траса

-од Карпош 4 до Соборен храм по редовна траса, па по бул. „Гоце Делчев“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, Ново Лисиче (терминал)

Линии 21 и 22

-од Транспортен центар, бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ и продолжува по своја траса
во обратна насока по истата изменета траса

Линија 23

-oд Ченто по редовна траса до Југодрво, потоа десно по ул. „Мирче Ацев“, пред хотел „Холидеј Ин“, па десно кон Дрводекор и продолжува по бул. „Кузман Јосифовски Питу“, бул. „Јане Сандански“ до Мајчин Дом, па лево по бул. „АСНОМ“ и продолжува по својата редовна траса

Линија 27

-од ул. „Вардарска“ по редовна траса до Југодрво, потоа десно по ул. „Мирче Ацев“, пред хотел „Холидеј Ин“, десно кон Дрводекор и продолжува по бул. „Кузман Јосифовски Питу“, бул. „Јане Сандански“ до Мајчин дом, лево по бул. „АСНОМ“ и продолжува по редовната траса
Линија 28

-од Македонско село, с. Горно Нерези до Козле терминал 57
во обратна насока по истата изменета траса

Линии 31, 41, 51, 67 и 70

-од почетен терминал по редовна траса по бул. „Борис Трајковски“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Јане Сандански“ до Транспортен центар
во обратна насока од Транспортен центар десно по бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Борис Трајковски“ до крајна станица по редовната траса

Линии 50 и 50А

-од Хиподром и Маџари по редовната траса до „Холидеј Ин“, потоа лево кај Дрводекор, па лево по бул. „Кочо Рацин“ и продолжуваат по редовната траса

Линија 57

-од Тафталиџе (терминал на „24“), по ул. „Московска“, бул. „Партизански одреди“, мост Гоце Делчев, Бит пазар и продолжува по редовната траса
во обратна насока по истата изменета траса

Линија 59

-од Карпош 3 по редовна траса до Соборен храм, лево по бул. „ВМРО“, бул. „Гоце Делчев“, лево кај Бит пазар и продолжува по редовната траса до крајна станица

-во обратна насока по истата изменета траса

Линија 59А

-од Ново Лисиче по редовна траса до Комплекс банки, десно по бул. „Крсте Мисирков“ кон Бит пазар и продолжува по редовната траса до крајна станица
во обратна насока по редовна траса до Бит пазар, право по бул. „Крсте Мисирков“, лево по бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“ до Ново Лисиче (терминал)

Линии 58, 58а и 58б

Во периодот од 23:00 часот на 5.10.2024 до 17:00 часот на 6.10.2024 година, ул.Димитрие Чуповски од крстосницата со ул.Даме Груев и ул.11 Октомври (Градска болница) до крстосницата со ул.Даме Груев (Т.Ц. Палома Бјанка) ќе биде целосно затворена. Во овој период, возилата од јавниот градски превоз ќе сообраќаат по ул.Даме Груев, позади Републичкото собрание.

-од почетни станици во Добри дол, Света Петка и Брзовец по редовна траса до Дом на слепи, потоа десно по бул. „Борис Трајковски“, па лево по бул. „Србија“, лево по бул. „Јане Сандански“ до Транспортен центар

-во обратна насока од Транспортен центар десно по бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом, лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“, десно по бул. „Борис Трајковски“ до крајна станица по редовната траса.

Можете да прочитате

И тоа го има: Преку ноќ му го урнале објектот за да градат зграда

ЈП Лајка: Граѓаните да не оставаат мали кучиња пред нашиот објект

Утре делови од една скопска општина без вода