Утрински Весник
Свет
Img 7972

Советот за бeзбедност на ОН не ја усвои американската нацрт-резолуција за итен прекин на огнот во Газа

Sovet za bezbednost on.jpg
300x250 opst2

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска не ја усвои американската нацрт-резолуција за прекин на огнот во Газа.

За резолуцијата гласаа 11 членки на Советот за безбедност, а Русија, Кина и Алжир беа против, додека Гвајана беше воздржана.

Американската абасадорка во ОН, Линда Томас Гринфилд, по гласањето изјави дека Русија и Кина не сакале да гласаат за американската резолуција само да го видат неуспехот на САД.

-Русија уште еднаш ја стави политиката над напредокот – рече амбасадорката, пренесува Би-Би-Си.

Во американската нацрт-резолуција се наведува дека „императив е итен и траен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас во Газа“ со цел да се заштитат цивилите и да се овозможи доставување хуманитарна помош до повеќе од два милиони прегладнети Палестинци.

Можете да прочитате

Масовно пукање во ресторан во САД: Четири мртви, 20 повредени

„Тајмс оф Израел“: Ослободувањето на заложниците ќе започне помеѓу 4 и 6 часот наутро во понеделник

Иран: Поддршката за договорот за Газа не значи одобрување на политиката на САД