Утрински Весник
Свет

Советот на ЕУ одобри исплата на 2,8 милијарди евра помош за Украина

Sovet na eu.png

Советот на Европската Унија одлучи дека Украина, во рамките на седмата редовна исплата на помош од Инструментот на ЕУ, ќе добие 2,8 милијарди евра, соопштено е денеска во Брисел.

Исплатите се поврзани со Планот за Украина, кој ги утврдува мерките за нејзино закрепнување од војната, реконструкција и модернизација, како и роковите за реформи во согласност со нејзината цел за прием во ЕУ.


Претходната, шеста исплата, во декември 2025 година изнесуваше 2,3 милијарди евра.

Инструментот за Украина, кој стапи во сила на 1 март 2024 година, предвидува нејзино финансирање со повеќе од 50 милијарди евра во вид на грантови и кредити за периодот 2024 – 2027 година.

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа