Утрински Весник
Македонија

Советот на јавни обвинители ќе одлучува за избор на нов претседател

Sovet Na Javni Obviniteli.webp.webp

Советот на јавни обвинители на Македонија, денеска на 32. седница ќе треба да биде донесена одлука за избор на нов претседател на Советот.

Советот на јавните обвинители на седницата број 28. одржана на 30 септември, одлучи за престанок на функцијата претседателот на Советот, Душица Димитриеска, поради тоа што и истече мандатот на 1. октомври. Изборот на нов претседател беше одложен поради локалните избори.

На страницата на Советот на јавни обвинители, стои дека на дневниот ред на денешната седница ќе биде донесена и одлука за престанок на функција на јавен обвинител, и формирање на Комисија за спроведување на стратегијата за комуникација и транспарентност за период 2025-2028.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што Владата единствено штити е интересот на државата и на македонските граѓани

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“кој е локализиран, се дејствува на терен и од воздух, нема повредени пожарникари

Учество на министерот Тимчо Муцунски на 21. Бледски стратешки форум