Утрински Весник
Македонија

Советот на јавни обвинители е извор на тргување со влијание, им порача Ленче Ристоска на колегите и побара реформирање

Советот на јавни обвинители е извор на тргување со влијание, им порача Ленче Ристоска на колегите и побара реформирање

Поранешната обвинителка на СЈО, Ленче Ристоска, денеска ја критикуваше работата на Советот за јавни обвинители, каде рече дека таму владеат клиентелистички односи.

dobivaj vesti na viber

„Се додека членови на Советот на кандидатите што аплицираат за повисоки позиции отворено им кажуваат дека некој треба да се јави за кандидатот да биде избран, јасно е дека Советот е избор на тргување со влијание во обвинителството и затоа сметам дека треба да се реформира. Подоцна, изборот што Советот го прави, креира клиентелистички однос на јавните обвинители кон тие што лобираат за нивниот избор и сето ова неминовно води кон систем што не може да одговори во борбата со корупцијата и организираниот криминал“, вели таа.

Според Ристоска, ова тело од формирањето во 2008 досега потфрлило во исполнувањето на примарната функција, професионализација на ЈО и изолирање на политички и други влијанија при избори и разрешување на обвинителите.

 Обвинителка потсети дека повеќепати се случувало изборите на обвинители да бидат одложувани без конкретно образложение, поради што создава впечаток во јавноста дека изборот не е слободен. Како пример го посочи и огласот за двајца обвинители во Вишото обвинителство, за кој вели повеќе од седум месеци не се одлучува.

 

Можете да прочитате

Комеморација за Илинденка Петрушева: Извонреден познавач на филмот, пред сè извонреден човек

Владата со демант: СДС повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек

ОЈО со предлог притвор за 15 лица осомничени за пустошење шуми и корупција