Утрински Весник
Македонија

Советот на амбасадори ја поздрави одлуката на САД да го стави Мерко на црната листа: „И ЕУ да забрани влез за корумпирани функционери“

Шамар за власта, САД го ставија Рамиз Мерко и целото семејство на црната листа поради вмешаност во криминал и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на амбасадори“ ја поздравува одлуката на американскиот Стејт Департмент да го прогласи Рамиз Мерко, градоначалникот на општина Струга, за неподобен за влез во САД поради неговата вмешаност во значителна корупција додека ја извршувал актуелната функција.

dobivaj vesti na viber

„Советот на амбасадори смета дека институциите на нашиот правосуден систем за борба против корупција и организираниот криминал треба веднаш да отворат соодветна истрага за случаите кои што го предизвикале Стејт Департментот да постапи на овој начин, а притоа користејќи ги механизмите за меѓународна соработка и меѓународна правна помош, како во случајот на Рамиз Мерко, така и за останатите високи функционери за кои што постои сомневање дека ги злоупотребиле своите функции за лични цели.

Советот на амбасадори смета и дека Европската Унија треба да создаде слични механизми за забрана на влез во ЕУ (или во Шенгенскиот простор) за високите должносници на земјите-кандидати од Западниот Балкан кои се вклучени во корупција или во мрежите на организираниот криминал.

Се разбира, ништо не е замена за работата на домашното правосудство кое што, за жал, сè уште не е на висината на задачата кое што доликува на една земја членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија. Борбата против корупцијата и организираниот криминал останува една од клучните точки кои што треба драматично да се подобрат за реализација на целите на македонската надворешна политика, но и за повисок економски, социјален и демократски развој на земјата“ наведуваат од Советот на амбасадори.

Можете да прочитате

Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС

Ангелов: Два Ер трактори дејствуваат врз пожарот во Дојран, до крајот на денот ќе биде ставен под контрола

Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица