Утрински Весник
Македонија

Советник од СДСМ го подели својот паушал со пожарникар и вработен во комунална хигиена

Image 2.png

Советникот од редовите на СДСМ во Советот на општина Македонски Брод, Андреа Сиљаноски направи исклучителен гест со својот прв паушал.

Непосредно пред новогодишните празници тој реши својот паушал од општината да го подели со своите сограѓани, поточно со еден вработен во противпожарната заштита и еден вработен во комунална хигиена.

„Можеби е мал гест, но за мене е почеток на една нова пракса – вреднување на оние што секојдневно го држат нашиот град уреден, чист и безбеден. Мојот прв паушал го делам рамноправно: половина за пожарникар, половина за вработен во комунална хигиена. Верувам дека ваквите постапки мотивираат, охрабруваат и покажуваат дека трудот на луѓето е навистина ценет. Тие се огледалото на нашиот град.“ објави Сиљаноски.

Можете да прочитате

Почина Кирил Слезенковски – член на ЦК на Левица

Сајбер напади и хибридни закани – новата опасност за Македонија вели Стефановски

Иран не може да се порази со сила – исходот води кон договор вели Стефановски