Утрински Весник
Магазин

Совет од стогодишничка: Избегнувајте алкохол и негативни луѓе

20240829113123 Big 730x400 59.webp.webp
Dik 300x250 mk

Жена која неодамна наполнила 107 години ги открива тајните на долговечноста… Имено, таа е убедена дека „завидната возраст“ се постигнува со урамнотежена исхрана и секојдневна активност. Но, и уште две работи: Избегнување алкохол и луѓе со негативна енергија.

Според стогодишничката, пред сè, важно е да се избегнува алкохолот што не само што ги уништува телото и умот, туку и животот на луѓето околу зависникот, пренесува хрватски „Н-1“.

Говорејќи за здравата исхрана, таа препорачува житарки и јогурт со малку маснотии за појадок, на пр., а во текот на денот и многу овошје и зеленчук. Исто така, речиси секогаш, кога одела на работа, пред да почне денот, го масирала или триела своето тело со ракавица за масажа, што ја стимулира циркулацијата на крвта.

Но, тука е и опкружувањето… Ако го минуваме времето со негативни луѓе, вели, ние сме под стрес и исцрпени, што влијае на психо-физичката состојба и благосостојба. Затоа, советот гласи: Опкружете се со позитивни луѓе кои ќе ве насмеат и ќе го изнесат најдоброто од нас. Тоа значи посреќен и поисполнет живот.

Можете да прочитате

Дали треба да ја покриете супата додека готвите? Готвач ги откри сите тајни за совршен вкус!

Листа од 40-те најголеми умови во историјата – листа што го воодушеви светот, но и предизвика полемики

Избегнувајте прекумерно трошење: Дневен хороскоп (03.11.2025)