Утрински Весник
Македонија

Состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Северна Македонија и Комитетот на регионите на ЕУ

Zels.webp.webp

Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и Министерството за локална самоуправа денеска се домаќини на 23. состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Северна Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК). Делегатите во ова тело се од редовите на градоначалници и советници од нашата земја и од земјите на Европската Унија.

Состанокот ќе се одржува во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, а ќе го отвори претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Во рамки на првата тема „Развој во процесот на пристапување на Северна Македонија кон ЕУ“, која е константна на состаноците на ЗКК, ќе се обратат министерот за локална самоуправа Златко Перински, шефот за соработка при Делегацијата на ЕУ во нашата земја Стефан Худолин и претседателот на Комисијата CIVEX (Комисија за државјанство, владеење, институционални и надворешни работи при Европскиот Комитет на региони Патрик Молиноз.

Втората тема на овој состанок е посветена на „Дигитална транзиција, особено во локалните и регионални јавни услуги“. Во овој дел предвидени се обраќања на заменик – министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџински, известителот на Комитетот на региони за Зајакнување на локалната власт и претставничката демократија преку нови инструменти за дигитална технологија Раит Пиџеглас, претставници од НАЛАС и од АЛДА.

Заедничкиот консултативен комитет меѓу Северна Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК) го сочинуваат вкупно 22 делегати, односно по 11 делегати од двете страни, при што се избираат и нивни заменици, сите од редовите на градоначалници и советници. Со ова тело, кое одржува најмногу два состанока во текот на една година, од кои едниот во Брисел, а другиот во Скопје, заседаваат двајца ко- претседавачи. Актуелен ко-претседавач од нашата земја е Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје, а од страна на Комитетот на регионите е Јасна Габриќ, член на Собранието на Општина Трбовље (Република Словенија) и член на Европскиот Комитет на региони.

ЗКК е воспоставен уште во 2008 година со цел да ја подготвува основата за проширување на ЕУ преку унапредување на политичкиот дијалог и соработка меѓу локалните и регионалните власт.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница