Утрински Весник
Македонија

Состанок на Комисијата за заразни болести

Za zarazni bolesti.webp.webp

Комисијата за заразни болести денеска треба да се состане за состојбата со сите заразни заболувања, вклучително и со грипот и големата кашлица.

Според податоците од последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), се зголемува бројот на заболени од грип, а во Ресен, Кавадарци и во Кратово има многу висока активност на вирусот на грип.

Проценките на надлежните се дека пикот на грипот ќе биде до крајот на месецов.

Нови три случаи на голема кашлица се регистрирани во државата, со што бројката се зголеми на вкупно 15 од почетокот на годината.

Доктор Кристина Ставридис, епидемиолог од Институтот за јавно здравје, за МИА вчера изјави дека преку системот за следење заразни болести, евидентирани се вкупно 15 случаи од почетокот на годината.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница