Утрински Весник
Свет

Сопственикот на српски „Информер“ ќе излезе од затвор, неговата сопруга ја платила казната

Главниот уредник и сопственик на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, може да излезе од затвор. Адвокатот на Вучиќевиќ, Борис Богдановиќ, не сакал да ги коментира споменатите информации.

dobivaj vesti na viber

Српските медиуми вчера објавија дека сопственикот на таблоидот почнал штрајк со глад и најавија дека ќе продолжи сè додека не се исполнат неговите барања. „Кликс.ба“ пишува дека казната ја платила неговата невенчана сопруга Марија Ѓуришиќ, наводно без негово знаење и согласност.

Вучиќевиќ во затворот бил придружуван од неколку пријатели и членови на семејството.

Сопственикот на „Информер“ е законски осуден на глоба од 200.000 динари (околу 1.700 евра) за навредите што ги упати кон новинарот и поранешен директор на телевизијата „Н1“, Југослав Ќосиќ. Сепак, Вучиќевиќ одби да ја плати казната и наместо тоа, замина да ја издржи затворската казна. Тој тврди дека со гореспоменатата постапка сакал да укаже на „потребата од декриминализација на слободата на говорот“.

Можете да прочитате

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан